Loading Video...
Ракомет
25. January 2022 - 18:25

Шпанија и се приклучи на Данска во полуфиналето на ЕП

 
Селекцијата на Шпанија и се приклучи на Данска во полуфиналната рунда на европскиот ракометен шампионат
 
Шпанците попладнево ја победија Полска со 28-27 во меч од последнто коло на четвртфиналната група 2 чиј домаќин е Братислава. 
 
Со тоа „црвената фурија“ стигна до 8 освоени бодови, па мирно ќе ја следи вечерашната скандинавска пресметка меѓу Шведска и Норвешка кои во директен дуел ќе решаваат која репрезентација ќе и се приклучи на шпанската во полуфиналето. 
 
Натпреварот меѓу Германија и Русија ќе биде од ревијален карактер бидедјќи двете селекции немаат шанси за проглес понатаму. 
 
Утре на програмата се натпреварите од последното коло во групата 1 од која Данска е веќе полуфиналист, а за втората позиција покрај Франција шанси има и репрезентацијата на Исланд.