Фудбал
1. јуни 2016 - 21:29

Шпанците ја декласираа Ј.Кореја

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја декласира Јужна Кореа со 6-1, во пријателски натпревар одигран во Салцбург.
 
Актуелните европски шампиони победникот го решија во средишницата од второто полувреме, кога за осум минути, постигнаа три гола. По два гола постигнаа Нолито и Мората, а по еднаш погодија Фабрегас и Давид Силва. Честа на Корејците ја спаси се-Јонг Ју во финишот на мечот.
 
Шпанскиот селектор мечот го започна со Касиљас – Аспиликуета, Пике, Бартра, Белерин – Бруно Соријано – Фабрегас, Иниеста – Давид Силва, Нолито и Мората, а во второто полувреме настапија и голманот Рико, односно Алба, Педро, Алкантара, Бускетс и Адурис.
 
До почетокот на ЕУРО 2016 Шпанците ќе одиграат уште еден меч и тоа против Грузија на 7 јуни.
 
Шпанија на ЕП ќе игра во Групата Д заедно со Чешка, Хрватска и Турција, а првиот меч ќе го одигра на 13.јуни против Чешка.