Шолц во прва посета на САД
– Германскиот канцелар Олаф Шолц отпатува во својата прва посета на Вашингтон откако ја презеде функцијата, во услови на зголемени прашања за посветеноста на Берлин кон неговиот клучен сојузник на САД во украинската криза.
Предвидено е Шолц денеска да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Германија се соочува со притисок од САД за усогласување на со позицијата на Вашингтон. Сомнежите за трансатлантската алијанса се појавија делумно поради посветеноста на Берлин за проектот за гасоводот Северен поток 2 со Русија, што САД и земјите од Источна Европа остро го критикуваа, како и поради неподготвеноста на Берлин да испорача оружје на Украина.
– Ние не доставуваме оружје во кризните области… не испорачуваме смртоносно оружје во Украина, изјави Шолц пред посетата на САД.
Во Вашингтон од Шолц ќе биде побарано целосно и јасно објаснување за ставот на Германија за Северен поток 2. Гасоводот што ги поврзува Русија и Германија е завршен, но се уште не е пуштен во употреба.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот