Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е „неприфатлив“ и ја повтори својата поддршка за решението со две држави – Израел и Палестина.
Сите планови за преместување, идејата дека граѓаните на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или Јордан, се неприфатливи, рече Шолц.
Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, каде што Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг, но дека палестинската управа мора да ја преземе одговорноста за Газа.
Не смее да се потроши кревката надеж за мир што сега е возможен, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот.
Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади во Египет, а владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп.
Германија е меѓу главните добавувачи на оружје на Израел, а извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, годината кога започна војната во Газа.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски