Шолц на 11-ти јуни во Скопје
Скопје е една од станиците на германскиот канцелар Олаф Шолц во рамки на неговата посета на неколку земји на Западен Балкан.
Неговата посета во Скопје е најавена за 11ти јуни откако во петок на 10ти на покана на грчкиот премиер Мицотакис ќе учествува на Самитот за соработка во југоисточна Европа што се одржува во Солун.
Германскиот канцелар истиот ден од Скопје заминува и за Софија.
Шолц ја најави посетата на неколку земји во регионот уште пред една недела кога пред Бундестагот порача дека интеграцијата на земјите од Западе Балкан во ЕУ е прашање на кредибилитет и стратешки интерес. Пред пратениците зборуваше за обврските кои ЕУ земјите членки ќе ги преземат кон државите од Западен Балкан и ветувањето за нивно полноправно членство. Порача дека Западниот Балкан припаѓа во Европската унија.
Ново на Сител
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката