Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц во денешниот телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп има клучна улога во преговорите со Русија, пренесе БТА, повикувајќи се на изјава на портпарол на германската влада.
– Канцеларот ја поздравува желбата на украинскиот претседател да ги почне преговорите што е можно поскоро, се вели во соопштението.
– Двајцата се согласија дека е важно американскиот претседател да има водечка улога, исто така со цел да се постигне брз почеток на прекин на огнот и траен мир за Украина, се вели во соопштението.
За време на разговорот, Шолц, исто така, ја потврдил постојаната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина, додаде портпаролот.
Зеленски на Х потврди дека со Шолц имале „искрен разговор за различни прашања и нашата визија за идната безбедносна архитектура“.
– Ние се потпираме на единството на Европа околу Украина и работиме на тоа. Сите сакаме сигурна иднина за нашиот народ. Не привремен прекин на огнот, туку крај на војната еднаш засекогаш.
Со нашите координирани напори и лидерството на САД, ова е целосно остварливо.
Секогаш ќе се сеќаваме на придонесот на Германија за зајакнување на воздушниот штит на Украина и, што е најважно, за заштита на илјадници животи.
Гледаме можности за проширување на нашата соработка во оваа област. Ќе продолжиме да работиме на тоа. Ви благодариме за поддршката, напиша Зеленски.
Ново на Сител
-
Немири пред и во градското собрание во Белград, приведени неколку лица
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите