Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот на Северна Македонија
Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Северна Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.
Шолц ја апострофираше Северна Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ, пренесува Дојче веле.
- Сакаме да направиме сѐ, за Северна Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор. Мора да се каже дека Северна Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.
Тој го повтори повикот за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.
- Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи, рече германскиот канцелар.
Ново на Сител
-
Со едукација, а не со отпуштања државата ќе ги мотивира неработниците во јавниот сектор
-
Граѓани пријавиле дека во здравството им било барано мито – Министерот Алиу ќе проверува дали е вистина
-
Филков: За една година поднесовме 22 системски закони за враќање на правдата
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски