Балкан
10. January 2018 - 9:41

Шокантно: Со молитва поп го растера злото, верниците палеа бадников оган покрај црква кога се случи ова

Фотографијата која настана во саботата, на Бадник, пред цркцата Свети Николј во селото Александровац, во општината Жабари во Србија зачуди многумина.

Она што е забележано од камерата, едноставно е неверојатно. Веројатно на оваа глетка многумина се прекрстиле и помолиле, а и оние кои не веруваат не останале рамнодушни.

Фотографијата настанала во текот на палењето на бадникови огнови пред црква, а во десниот горен агол, веднаш до ѕидот од црквата, се гледа нешто како челуст на некаков призрак, кој бега од пламенот кој излегува од бадниковиот оган.

Околу огнот е собран народоткој дошол да се помоли и свечено да го дочека најрадосниот христијански празник, Божиќ.

Верниците тврдат и цврсто веруваат дека таа вечер нивниот свештеник Ивица Калиновиќ, со силата на молитвата ја разобличил злата сила и ја истерал пред доаѓањето на празникот Христово раѓање - Божиќ.