Џет-Сет
4. February 2016 - 13:06

Шокантно признание: Мирослав Илиќ ме остави во осмиот месец од бременоста

Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, која во вонбрачната заедница го родила синот Девин, им откри на пријателите на Фејсбук зошто тие раскинале по што пејачот ја оставил во осмиот месец од бременоста.

-Среќни денови, Мирослав и јас во Белград, осми месец бремена! Слика пред распад, напиша Мирјанам која се бори да докаже дека Мирослав Илиќ е биолошкиот татко на нејзиниот син Девин.

Инаку Мирјана покрена петиција во Србија да стане обврзувачка ДНК анализа доколку под знак прашање е било чие биолошко потекло.