-->
-->
Шокантно - 50 годишен маж зема за жена 12 годишна невеста
-->
Видеото на кое позираат 12 годишно девојче, нашминкано и облечено во невестински фустан, и 4 децении постар маж како нејзин младоженец, предизвика силни реакции на осуда. Видеото е снимено во Либан. Погледнато е над 1,7 милиони пати!
За среќа, девојчето и мажот во ова видео се само актери кои треба да свртат внимание на огромниот проблем на голем број земји во светот - девојчиња пред својата 15-та година да бидат мажени со значително постари мажи.
Според проекциите на ОН, ако ова продолжи, повеќе од 1,2 милијарди малолетни девојчиња до 2050 година ќе бидат принудени да влезат во таков брак.
Владата во Либан предлага закон со кој ќе наложи секој брак да има граѓанска регистрација за да се запрат овие неприродни бракови. Како што сега стојат работите, девојчињата во Либан, со согласност на родителите, можат да се омажат уште на 9 години, а тие самите имаат право да дадат согласност за брак на 14 години.
- Сакавме видеото да биде шокантно затоа што реалната пракса навистина е шокантна - вели Маја Амар, еден од организаторите на кампањата која треба да стави крај на овој тренд на присилно мажење на женските деца.
Се верува дека едно од три девојчиња од семејства со помали приходи, се мажат пред да станат полнолетни. А третина од тие неверсти се помлади од 15 години.
Не е мал бројот на земјите во светот каде границата за дозвола за брак е исклучително ниска.
Во Конго, на пример, девојчињата може да се омажат на 15 години. Во Тринидад и Тобаго, со дозвола на родителите, невестата може да има само 12 години. Во Венецуела, ако родителите дозволат девојките може да се омажат на 14 години, инаку самите таква одлука може да донесат на 18. Во Иран легалната взраст за брак е 13 години за девојчињата и 15 за момчињата. Во Сирија легалната возраст за девојките е 17, за момчињата е 18, но на девојките од религиските лидери им се налага да се мажат на 13 години! Во Јемен, без да се бара никаква дозвола од родители, брак може да се склучи на 15 години. Во Велика Британија за брак девојката мора да има 18 години, а со родителска согласност може да се омажи на 16. Во Масачусетс, САД, легалната возраст е 18 но со дозвола од родителите девојче може да се омажи на 12 години! Во Калифорнија воопшто не е одредена минимална возраст на која се дозволува брак со дозвола од родители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФОТОГРАФИИ од страшната сообраќајка во која загинаа 3 лица
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо