Живот
28. August 2016 - 20:41

Шокантна глетка: Дупка проголта плажа, туристите бегаа избезумени

Стотина метри широка дупка се отвори во популарнио камп на австралискиот брег проголтувајќи неколку автомобили и камп куќички.

Дупката на плажата во Квинсленд почна да се отвара околу полноќ. Песокот пропаѓаше неколку метри во длабочина и исчезнуваше во морето. Една жена почна да вика по кампот преполн со луѓе и да ги вика да излезат од шаторите и камп-куќичките, јави телевизијата ЕјБиСи.

Автомобил, караван и кампер за само неколку пропаднаа во бездната длабока три и широка стотина метри.

Полицијата вели дека над 140 луѓе побегнале од кампот пред големата дупка.

Плажата сместена на 240 километри северно од Брисбејн е популарно место, а слична дупка се појавила таму и во 2011 година.