Loading Video...
Свет
26. September 2022 - 16:31

Шок во Европа по победата на крајната десница во Италија

Кошмарите на Брисел се остварија, крајната десница победи на изборите во Италија. Десниот блок освои мнозинство во долниот и горниот дом на Парламентот. Идната премиерка Џорџа Мелони која е во коалиција со Берлускони и Салвини, во победничкиот говор порача дека ќе ја обедини земјата.

Орбан и Моравјецки, премиерите на Унгарија и Полска први и честитаа на Мелони, но не и француската влада која и порача на Италијанката дека европските демократски вредности мора да се почитуваат.

Сепак за Мелони католичките вредности се примарни. Иако во предизборната капања најави дека нема да го спори законот за легализирање на абортусот, истакна дека ќе најде начин тој да не биде секојдневие. 45 годишната Мелони е за традиционалното семејство, нема разбирање за ЛГБТ лобито, ниту за мигрантите и исламот. Симпатиите на гласачите ги освои со јавната критика на бирократскиот Брисел. Мелони ја гледа Италија на курсот на НАТО и САД. За разлика од нејзините партнери Берлускони и Салвини има потврда позиција кон Путин и руската агресија на Украина, иако во приоритетите на нејзината политичка програма надворешната политика ќе зависи пред се од се националните и суверени интереси на Италија.