Свет
22. December 2016 - 12:54

Шојгу: НАТО и понатаму го зајакнува воениот потенцијал покрај руските граници

НАТО продолжува да го зајакнува воениот потенцијал во близина на руските граници, а САД распоредиле во Европа повеќе од 200 унапредени воздушни нуклеарни бомби, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. 

- Наместо здржување на напорите против меѓународниот тероризам, НАТО ја прогласи Русија за закана и продолжува со военото зајакнување во близина на нашите граници, истакна Шојгу на завршниот состанок на Министерството за одбрана, јави ТАСС. 

- САД во моментов ја спроведуваат нивната програма за модернизација на воздушните нуклеарни бомби како и изградба на објекти за нивни складирање и одржување, нагласи рускиот министер за одбрана. 

Тој наведе дека повеќе од 200 такви американски бомби се во моментов складирани во Белгија, Италија, Холандија, Германија и Турција. 

- Таквиот развој на случувањата претставува дополнителни компликации за Русија и не можеме да не реагираме на нив, заклучи Шојгу.