Фудбал
12. јуни 2020 - 10:27

Шо: Рашфорд ќе ја освои „Златната топка“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо верува дека неговиот соиграч Маркус Рашфорд има квалитети еден ден да ја освои „Златната топка“.

– Маркус се подобри многу откако се појави на сцената. Не само на теренот, туку и надвор од него. Тој созреа толку многу. Тој навистина се претвори од момче во маж. Рашфорд е пример за секого. Неговото семејство исто така придонесе да го задржат цврсто на земја. Тој е инспирација за многу млади играчи. Постојано сака да учи и да стане подобар. Понекогаш тој изгледа незапирлив, толку самоуверен. Никогаш досега не сум го видел таков. Тој секогаш бил уверен, но не на толку високо ниво, прокоментира Шо на официјалната веб-страница на клубот.

Според него, англискиот репрезентативец знае дека има квалитети за да биде еден од најдобрите и постојано сака да се подобрува.

– Нема причина да се мисли дека не може да ја освои „Златната топка“ еден ден, ако продолжи да работи толку напорно, додаде бекот.