Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството
Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март.
Воедно, Шкупи соопшти дека договорот за 29-годишниот Лазаров во целост ќе му биде исплатен на неговото семејство.
Лазаров минатата година му се приклучи на Шкупи од редовите на хрватскиот прволигаш Горица.
„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи“, се наведува во клупското соопштение.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а 196 беа повредени.
Ново на Сител
-
Блумберг: САД ја намалија проценката за долгот на Украина за 200 милијарди долари
-
Вучиќ попладнево ќе презентира податоци од анализа на ФСБ за евентуална употреба на звучен топ на протестот на 15 март
-
Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија
-
Се уште трае блокадата на РТС во Белград
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии