Фудбал
13. October 2021 - 8:22

Шкупи договори пријателски натпревар со Бешикташ

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Шкупи, идниот месец, ќе одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Бешикташ на гостински терен.

Шкупи гостувањето во Истанбул на 11 ноември и дуелот против 21-иот турски шампион го најави вечерва со пригодно видео на социјалните мрежи.

По девет одиграни натпревари во ПМФЛ, Шкупи води на табелата со 20 бодови, два повеќе од второпласираната Ренова, додека Бешикташ по осмото коло во турската Суперлига е третопласиран со 17 бодови, два помалку од лидерот Фенербахче.