Свет
6. July 2020 - 12:50

Шкотска: Почнуваат со работа рестораните и баровите на отворено

Баровите, кафулињата на отворено и рестораните од денеска се повторно отворени во Шкотска, откако беа затворени во март годинава поради епидемијата на коронавирусот.

Гостите во овие угостителски објекти ќе треба да ги почитуваат мерките за физичка дистанца и да се грижат за дезинфекција, но и да остават информации со кого имале контакт за полесно да се следи состојбата во случај на избувнување ново жариште на Ковид-19, јави Би Би Си.

Од 15 јули, баровите и рестораните ќе можат да примаат гости и во затворениот дел, а третата фаза на ублажување на рестриктивните мерки ќе ги соопшти премиерката Никола Старџен в четврток.