ОН: Ширум светот раселени 65,6 милиони луѓе
Рекордни 65,6 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови до крајот на 2016 година поради судири, насилство и прогон во места како што се Сирија и Јужен Судан, соопштија денеска Обединетите нации.
Оваа бројка претставува скок од 300 илјади раселени луѓе од крајот на 2015 година, но е за шест милиони поголема од крајот на 2014 година, се навеудва во извештајот на УНХЦР.
- Ова е најголема бројка откако правиме статистики, изјави пред новинарите пред поднесувањето на извештајот шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.
- Според сите мерила ова е неприфатлива бројка, која сведочи погласно од кога и да е за потребата од солидарност и заедничка цел во превенција и решавање кризи, нагласи тој.
Бројката за раселените изнесена пред Светскиот ден на бегалци, кој се одбележува на 20 јуни, покажува дека 10,3 милиони луѓе ги напуштиле своите домови само во текот на минатата година, вклучувајќи 3,4 милиони луѓе, кои ги минале меѓународните граници како бегалци.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња