-->
-->
Шимшек: Нема да има вонредни избори
-->
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган јасно даде на знаење дека нема планови да го распушти Парламентот и да свика вонредни избори пред редовните во 2019 година, изјави заменик-премиер Мехмет Шимшек, во интервју за Ројтерс, јави Танјуг.
Еден ден по победата на Ердоган на референдумот, со кој се прошируваат претседателските овластувања, Шимшек истакна дека односите со Европската унија би требало да бидат некои од заедничките интереси, додавајќи дека тензиите во односите меѓу Анкара и Европа би требало да стивнат по изборите ширум Европа.
- Претседателот вчера јасно даде на знаење дека изборите ќе се одржат во ноември 2019 година. Тоа е мошне јасно. Имаме работа, рече Шимшек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН