Шилегов за случајот „Мавровка“: Ај да не се правиме на Тошо
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска на прес-конференција истакна дека начинот на уривање на објектот пред Трговскиот центар Мавровка е многу полегален од начинот на градење.
Сепак, тој појасни дека документите кои вчера инвеститорот заедно со адвокатите ги приложи се однесуваат за легализација на еден дел од старото кафуле Фонтана.
-Таму е легализиран објект кој што беше долу во сутеренските простории и само тоа било предмет на легализација. Не може да станува збор, да ги поистоветувате легализацијата од општина Чаир во сутерен со оваа грдосија која што таму никна. Едноставно, да не се правиме на Тошо и да тврдиме дека тоа што било предмет на легализација и за што сопственикот платил надоместок, општина Чаир утврдила дека постојат услови, дека е ова што е предмет на рушење. Навистина сметам дека поигрување со здравиот памет со нас како граѓани, а после како луѓе што ги водат институциите.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје