Шилегов: Скопје денес е многу подобро од пред четири години
Скопје денес е многу подобро од пред четири години, порача Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Град Скопје, на вечерашната трибина во скопската општина Кисела Вода.
Тој рече дека само во Кисела Вода, на местата на некогашните диви депонии се подигнати над 22.000 метри квадратни нови паркови површини, каде се засадени над 1000 садници, а посочи и на низа други проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
-Денес со гордост можеме да кажеме дека Скопје е првиот град во регионот кој воведува брз автобуски превоз. БРТ системот на брз автобуски превоз популарно наречен „трамвај на тркала“ на Скопје мора да му се случи. Со потпишувањето на договорот за заем од 70 милиони евра, со поддршка на Владата, процесот на воведување на БРТ во Скопје го доведовме до точка од која нема враќање. Скопје го заслужува најдоброто, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела