Шилегов: Распишан тендерот за БРТ
Тендерот за реализација на Бас рапид транзит системот (БРТ) е објавен денеска со што правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен јавен превоз, порача денеска Петре Шилегов, актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје.
-Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен што ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и индиректно ќе го намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. За само четири години, успеавме да го реализираме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешното Скопје, рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што, според него, не е само успех за градот, туку и за целата држава.
-Добиваме јавен транспорт по пример на светските метрополи кој е прогласен за најеколошки проект од страна ЕБРД. Ефикасноста и исплатливоста на оваа инвестиција за Скопје е потврдена од низа домашни и меѓународни експерти кои се вклучени од самиот почеток во реализација на идејата. На решението работеа најреномираните експерти од нашите универзитети во Скопје и Битола, Белград, Лондон и Брисел. Важно е да се нагласи дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член од 2019 година, посочи Шилегов.
Проектот, како што рече, опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче.
-Со имплементација на првата фаза ќе се преполови времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно и ќе биде 35 минути. Автобуси ќе има на секои 3 до 4 минути по примерот на метро превозот. Бидејќи БРТ функционира во посебна траса, независна и непречена од другиот сообраќај, превозот е исклучително точен и навремен како и самиот метро превоз. Патниците точно знаат во која минута пристигнува автобусот и во која минута од часот стигаат на посакуваната дестинација. Автобусите ќе бидат со хибриден погон на гас и електрична енергија и со должина од 18 метри, рече Шилегов и додаде дека сите други автобуси и линии во Скопје ќе се поврзуваат со БРТ системот по примерот на светските метрополи.
Патниците од подалечните места, прецизира, ќе имаат линија која ќе ги носи и спојува со БРТ за целосно поврзана и ефикасна мрежа за транспорт.
-Ова на некој начин е верификација на еколошките политики што ги креираме како градска администрација и е целосно спротивно на голиот популизам и нереалните проекти кој ни ги продаваат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Скопје за четири години од сега ќе биде сосема ново место за живеење, еколошки чисто, без метеж во сообраќајот со најголемата пешачка зона во светот, порача Шилегов.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори