Македонија
1. November 2016 - 15:08

Шилегов: Нереализирани ветувањата во ТИРЗ Радовиш

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека власта не го реализирала ветувањето од пред две години за инвестици и работни места во Технолошко индустриската развојна зона Радовиш.

Според Шилегов, не се реализирал инвестицискиот бум што го ветил тогашниот премиер Никола Груевски на поставување камен темелник во ТИРЗ Радовиш.

- Тука нема ниту фабрики, ниту нови работни места во Радовиш.  Ги нема ниту инвестициите од 11 милиони евра што беа најавувани. Овде требаше да има инфраструктура, улична мрежа, водоводна и телекомуникациска инфраструктура, мрежа за снадбување со електрична енергија, мрежа за снабдување со гас на фабриките, изјави Шилегов.