Македонија
9. March 2020 - 16:43

Шилегов најавува отстранување на галиите

По споменикот на Андон Ќосето, градоначалникот на Скопје ќе ги отстранува и галиите од коритото на Вардар. Шилегов почнува со првата Галија која се наоѓа спроти МЕПСО. АКо сопственикот во рок од 30 дена самиот не ја отстранел, тоа ќе го сторел градот. Доколку градот присилно ги елиминира тоа ќе ги чини граѓаните 6 милиони евра, па бидејќи не се создадени услови останатите две галии остануваат во Вардар.  

„Оваа галија добила решение од Град Скопје во 2016 година за привремено да не врши дејност. Во 2018 година им доставивме решение дека треба да почнат со работа. Но, тоа не е направено, со што се создадоа и услови за раскинување на договорот. Од 2016 година до сега сопственикот на галија не плаќал кирија. Повеќе анализи и истражување покажаа дека бродовите се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави ” рече Шилегов.

Бродовите се изградени врз основа на договор за поставување урбана опрема со цел вршење угостителска дејност како дел од проектот Скопје 2014. Шилегов минатата недела побара од колегата градоначалник на општина Центар, да му ги делегира надлежностите за овој проект за да може да ги дислоцира објектите. Но, ваквото барање беше одбиено бидејќи според изборниот законик во овој период не смее да се отуѓува државен имот.