Шилегов на Телма: Го завршивме колекторскиот систем и собираме понуди за изградба на прочистителната станица
„Во изминативе четири години го завршивме колекторскиот систем и сме во фаза на доставување на понуди за изработка на прочистителната станица на Скопје. Завршена е предквалификационата фаза и до 15 ноември ќе бидат дадени понудите“ кажа актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на дебатата на ТВ Телма.
Тој додаде дека финансирањето на оваа станица е од Европската инвестицииона банка и ЕБРД и се очекува дека таа треба да почне да функционира до 2025 година. Шилегов кажа дека последиците кои Град Скопје сега ги трпи се резултат на брзоплетото и безпланско раководење со градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ во периодот пред неговото доаѓање на функцијата. Во дебата со кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Шилегов ја праша како може да ветува проекти, кои се веќе реализирани или се во фаза на реализација. „Арсовска, во вашата програма ветувате 20 проекти. Како кога ја правевте програмата не ви кажаа дека 16 од тие 20 проекти, градот веќе ги прави или се направени. Како ветувате работи кои овој градоначалник веќе ги има направено?“ пршаа Шилегов.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор