Македонија
24. December 2016 - 21:40

Шилегов го крши законот- во изборен молк агитира во Теарце

Партискиот портпарол и носител на листата на СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов во екот на изборниот молк агитира во Теарце на само неколку часа пред прегласувањето директно кршејќи го Законот.

Шилегов лично и директно го крши изборниот молк во пресрет на утрешното прегласување на избирачкото место 2011 во Општина Теарце.

silegov

Постојат информации дека наводно се фатени луѓе со пари како агитираат и се обидуваат да ги потплатат жителите на Теарце.

На избирачкото место 2011 во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11-ти декември правото на глас го искористија 404 гласачи.