-->
-->
Шилегов: Автобуското метро годинава почнува да станува реалност
-->
Скопје годинава ќе добие автобуско метро, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
– Не спиеме, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит. Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон. Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај, напиша синоќа на фејсбук Шилегов.
Градоначалникот Шилегов потсети дека ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања