-->
-->
Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на две возила на патот Скопје - Тетово
-->
Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово.
Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работнички вечер против Рапид
-
Милеска го објави списокот на фудбалерки за претстојните квалификациски мечеви во Косово
-
Меси бара од Интер Мајами да го ангажира Модриќ
-
Ѓорческа повторно е помеѓу најдобрите 200 тенисерки во светот
-
Милер би можел да го напушти Баерн следното лето
-
Вучевиќ: Ако наредеше претседателот Вучиќ,ќе влезевме на територијата на Косово, но ќе го известевме КФОР
-
Кендал Џенер и раперот Бед Бани во реклами на „Гучи“
-
Бијонсе и Тејлор Свифт двигатели на растот на американската економија