Loading Video...
Кошарка
5. August 2022 - 16:36

Шести пораз за јуниорките во второлигашката европска конкуренција

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот пораз во Б дивизијата, па нашите јуниорки ќе се борат за избегнување на последното место на ЕП што се одржува во Софија.
 
Избраничките на селекторот Златев, имаат максимални шест и тоа убедливи порази во исто толку одиграни средби, па сега им преостанува да го избегнат самото дно. 
 
Тие попладнево загубија од врсничките од Украина со 44 поени разлика, односно 91:47, па во недела 
од 10 часот и 30 минути ќе им остане да го одиграат последниот меч и тоа за претпоследното 17.место на ова првенство против последно рангираната селекција од Ф конкуренцијата, Норвешка, Исланд или Данска