Македонија
4. November 2015 - 8:44

Шести партнерски состанок на Црвениот крст на РМ

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го организира шестиот Партнерски состанок со цел да се поттикне соработката со партнерските организации за да се обезбеди проектна поддршка за општествено-социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории од заедницата.

Најавено е учество на претставници на деловни субјекти, институции и дипломатски претставништва во Република Македонија. 

Состанокот ќе го отворат генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити и министерот за економија Беким Незири.