Шест лица повредени во сообраќајки во Скопје
Еден велосипедист и еден возач на мотор се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајки што се случиле во изминатото деноноќие во Скопје.
Според полицискиот билтен, полесно повредени се четири лица во вкупно 11 сообраќајки, а во пет е причинета материјална штета.
Дваесет и двајца возачи се исклучени од сообраќај бидејќи возеле пред да се стекнат со возачка дозвола, двајца биле под дејство на алкохол и двајца почетници. Со поголема брзина од дозволената возеле 29 возачи.
Од сообраќај исклучени се и 19 нерегистрирани и две технички неисправни возила.
Сообраќајната полиција издала 67 возила за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.
Од пешаците како учесници во сообраќајот преземени се мерки против еден пешак кој не поминал на пешачки премин и еден пешак кој поминал на црвено светло.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки