Шест лица од Старо Нагоричане им помагаат на старите и изнемоштени во општо-корисна работа
Шест невработени лица од Општина Старо Нагоричане им помагаат на старите и изнемоштени во оваа општина во рамки на проектот „Еднакви можности за сите возрасти“, што го спроведува во рамки на програмата за општинско-корисна работа која е дел од проектот „Креирање можности за работа за сите“ .
Координаторот на проектот, Славка Стефановска Цветковска, информираше дека невработените лица ги посетуваат старите и изнемоштени лица во општината и им помагаат во извршувањето на секојдневни обврски, подготовка на оброци, набавка на намирници, на лекови.
„Идејата е невработените да им пружат помош во извршување на секојдневните обврски, да го организираат времето со нив и да им овозможат поквалитетен живот во третото доба, изјави Стефановска Цветковска
Проектот се спроведува со поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година, финасиран од Агенцијата за вработување на Македонија и УНДП. Вкупен буџет за реализација на активностите на проектот изнесува 324.000, денари што е обезбеден од страна на АВРМ за ангажирање на лицата.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски