Свет
10. March 2024 - 14:47

Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи

Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Туристите се исчезнати од вчера.

– Временските услови во моментов се многу лоши, што им ја отежнува работата на спасувачите – соопштија од полицијата, без, сепак, да соопштат повеќе детали за исчезнатите.

Цермат е популарен ски-центар што го посетуваат многу туристи од целиот свет.