Шест годишно дете се удави во реката Пена во Тетово
Шест годишно дете го изгуби животот откако денеска околу 13 часот паднало во реката Пена во Тетово. Детото живеело во населбата веднаш по последниот мост на реката Пена на т.н. Индустриска улица каде куќите се непосредно до речното корито.
Откако паднало во реката, мештаните ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало, кои ги повикале останатите институции по што е почнато пребарување на местото.
Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четири часовна претрага. Безживотно тело е најдено во реката Пена во населбата Деребој.
– Од кај нас прво побараа помош, па ние им се јавивме на ДЗС и ЦУК и полицијата. Во меѓувреме ние направиме два тима, да го пребараме местото, информираше Ука Алити командант на пожарната.
По увидот телото е дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости