Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти.
Создавајќи ѕвездено небо присутните изразија сочувство и заедништво.
Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, солзи во очите, не сте сами“, „Корупција пали, невини горат“, „Заради гнилиот систем, гниеме млади“, „Рекордери во денови на жалост“, „Младината ни изгоре во корупциски казан“, „Од алчност децата ги претворивте во пепел, а родителите ги завивте во црно“, „Сите години молчење завршуваат со едноминутен молк“, граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари