Шешељ: Ако победам на претседателските избори, Вучиќ ќе биде премиер
Кандидатот на Српската радикална партија за претседателските избори во Србија, Воислав Шешељ изјави дека ако победи, неговиот ривал Александар Вучиќ ќе биде премиер, пишува весникот „Данас“.
Шешељ ги демантира тврдењата дека е „лажна опозиција“ на неговиот соперник и оти Вучиќ го држи во раце, со тоа што му плаќа да не го напаѓа.
Тој додаде дека го критикува Вучиќ, но и му ги признава добрите страни.
Шешељ го пофали премиерот дека го издржал притисокот и не вовел санкции против Русија и одбил да ги предаде на Меѓународниот суд тројцата радикали обвинети дека заплашувале сведоци во судскиот процесот против него.
Шешељ беше обвинет за воени злосторства, но Судот го ослободи од обвиненијата.
Тој го критикува Вучиќ дека учествува во дијалогот со Косово, води политика насочена кон ЕУ и кон воена неутралност и им дава субвенции на странски инвеститори
Ново на Сител
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити