Шекеринска-Шанахан: Потврдено стратешкото партнерство на САД и Северна Македонија
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Пентагон имаше средба со американскиот секретар за одбрана Патрик Шанахан, на која е потврдено стратешкото партнерство на САД и Република Северна Македонија.
Шекеринска и Шанахан се согласиле за продлабочување на соработката во одбраната и нејзино подигнување на повисоко ниво какво што доликува на сојузници во НАТО, соопшти Министерството за одбрана.
– Продолжуваме заедно, со заедничко учество во мировните мисии и со уште поблиска соработка во реформските процеси и во модернизацијата на Армијата, било заклучено на средбата.
Првиот човек на одбраната на САД упатил честитки за успешното решавање на спорот со Грција и потенцирал дека тоа претставува модел за решавање на спорови меѓу две држави, кои долго време изгледале нерешливи.
Ова е трета билатерална средба на министерката Шекеринска со американски секретар за одбрана, за помалку од една година. Минатата пролет министерката беше во официјална посета на својот американски колега Џејмс Матис, кој ја возврати посетата и допатува во Скопје во септември 2018 година. Со неговиот наследник Шанахан министерката Шејеринска се сретна и во Брисел на состанокот на Северноатлантскиот совет, каде тој го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО и оддаде признание на министерката за нејзиното, како што рече “инспиративно лидерство”, се посочува во соопштението од МО.
Во Вашингтон министерката Шејеринска имала средби и со сенаторката Џин Шахин и со сенаторот Рон Џонсон. Шекеринска од нив побарала поддршка за побрза ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Вториот ден од работната посета на САД министерката Шекеринска го заврши со средба со директорот на Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA), генерал потполковник Роберт Ашли, на која се разговарало за безбедносната состојба на Балканот и пошироко, како и за позитивниот ефект што ќе го има членството на Северна Македонија во НАТО врз безбедноста во регионот.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери