Шекеринска: Ни треба заедништво околу заедничката стратешка цел-членство во НАТО и ЕУ
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО денеска од врвот Мусица на Бушева планина им го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на сите граѓани на Република Македонија.
- Во 26-те години независност поминавме низ добри и тешки моменти, но покажавме дека кога се има иста цел, кога сме упорни и истрајни, таа цел е достижна. Денеска ни треба заедништво околу нашата заедничка стратешка цел - членство во НАТО и ЕУ, рече министерката Шекеринска честитајќи го празникот.
Според неа, целта била прославата за 8 септември да не биде типична и заедно со многумина граѓани од Крушево и регионот, вработени во МО и АРМ, партнери од НАТО, воени aташеа и дипломатскиот кор, да се тргне на пат кон еден врв во Република Македонија.
- Патот не беше лесен, но заедно без откажување стигнавме до целта. Сакаме ова заедништво и истрајност да го искористиме за државата да чекори напред. Благодарам на поддршката од првиот човек на НАТО во Македонија, морнаричкиот капетан Бартол и неговиот тим. Ќе бидеме партнер на кој ќе можат да се потпрат. Заедно сме посилни, истакна Шекеринска.
Симболиката не завршува тука, додаде таа и посочи дека речениците од македонската химна, „Македонија слободна, слободна живее“ се мотото во кое искрено веруваме.
Морнаричкиот капет Бартол го честиташе Денот на независноста и изрази уверување дека сите 29 земји-членки на НАТО ја поддржуваат Република Македонија да стане 30. земја-членка на НАТО.
- Вашата земја помина избори, има нова влада и нови идеи. Имам чувство дека вашата земја е решена да продолжи на патот кон членство во НАТО и ЕУ. Можам да ве уверам дека сите 29 земји даваат поддршка на вашата земја и со нетрпение очекуваме вашата земја да стане 30. членка на алијансата. Мојата канцеларија е тука да ви помогне, рече Бартол.
Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото кралство Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“, голем број граѓани на Крушево денеска беа дел од настанот „Заедно кон врвот“ кој се организира по повод Денот на независноста. Денешниот настан го симболизира стремежот на Република Македонија кон полноправно членство во Северно-атлантската алијанса и поврзаноста на нашата земја со земјите партнери.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ