Шекеринска: Интеграцијата во НАТО врвен приоритет на Македонија
- Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со парламентарниот државен секретар во германското министерство за одбрана Ралф Брауксипе посочила дека интеграцијата на Македонија во НАТО, е во врвот на приоритетите на Владата.
Како што информираат од Министерството за одбрана, Шекеринска додала дека членството на Македонија во Алијансата ќе покаже дека политиката на отворени врати на НАТО е жива и дека дава резултати.
- Само со интеграција на земјите-аспиранти во НАТО, регионот на Западниот Балкан и Балканот во целина ќе биде мирен, безбеден и просперитетен, рече министерката.
Шекеринска истакна дека демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и целосната транспарентност кон граѓаните се столбовите на кои треба да се развива секоја современа држава и додаде дека Република Македонија е посветена овие вредности да бидат реалност за сите нејзини граѓани.
Во Берлин денеска Шекеринска ќе се сретне и со Михаел Рот, државен министер за европски работи во Министерството за надворешни работи на Германија.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот