Свет
2. September 2020 - 18:47

Шефот на германската дипломатија ја повика Русија да го испита труењето на Навални

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска ја повика Русија да го испита труењето на Алексеј Навални, откако клиничките тестови спроведени во Германија утврдија дека бил отруен  од нервниот агенс „Новичок“.

-Затоа е уште поитно да се идентификуваат одговорните во Русија и тие да одговараат, изјави Мас пред новинарите, пренесоа британските медиуми.

„Ние силно го осудуваме овој напад“, рече шефот на германската дипломатија.