Шарлиз Терон: Пушев марихуана и би пробала пак
Американската актерка Шарлиз Терон во интервју за американските медиуми пред премиерата на филмот „Гринго“ изјави дека и било многу непријатно поради колегите, бидејќи глуми груба жена која постојано ги навредува другите.
- Она што го говорам во име на ликот кој го глумам, не би можела да замислам некогаш да излезе од мојата уста. Имав чувство дека треба постојано да барам извинување, наведува актерката.
Бидејќи една од темите на филмот е и марихуаната, Терон признава дека порано редовно конзумирала.
- Многу години пушев умерено марихуана. Тоа го кажувам отворено, бидејќи навистина не ме интересира дали ќе ме осудуваат. Сакам повторно да пробам и можам да се контролирам. Патам од несоница и затоа сакам пак да пробам. Подобро тоа отколку да земам лекови за спиење. Всушност кога ќе имам повторно можност да пробам ќе го направам тоа со мајка ми. Ни таа не спие како што треба, потенцира актерката.
Терон истакнува дека актерството ја прави среќна затоа што 90 отсто од нејзината работа се однесува или ја засега неа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет