-->
-->
Шарапова следната недела се враќа на терените
-->
Поранешната најдобра тенисерка на светот Марија Шарапова најави дека следната недела ќе учествува на турнирот во кинескиот град Вухан. Таа надвор од терените е од почетокот на јули месец годинава, кога во полуфиналето на Вимблдон загуби од Серена Вилијамс.
- Се радувам што ќе се вратам на теренот. Напорно тренирав и едвај чекам повторно да играм, изјави за Би-Би-Си Шарапова.
Шарапова без настап на турнири беше околу два и пол месеци и притоа го „прескокна“ УС Опен, кога учеството на турнирот го откажа на еден ден пред почнувањето. Во моментов Шарапова се наоѓа на третото место на ВТА листата, а таа ја прифати специјалната покана од организаторите на турнирот. Руската тенисерка досега има освоено 35 титули во кариерата од кои пет Грен слем турнири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони