Loading Video...
Ф1
1. December 2020 - 17:19

Шампионот Луис Хамилтон позитивен Ковид-19

Старо-новиот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон е позитивен на Корона вирусот.  Од тимот на Мерцедес, информираа дека Хамилтон е во изолација и дека се чувствува добро. 
 
Британецот кој во неделата триумфира во трката за Големата награда на Бахреин, вчера почувствувал симптоми на Ковид-19, а по направениот тес е констатирано дека тој е позитивен. 
 
Така Хамилтон сигурно ќе ја пропушти претпоследната трка во сезоната и тоа закажана на истата патека веќе за претстојниот викенд, но најверојатно ќе се појави на последната трка која на распоредот е за две седмици, односно на 13 декември, а ќе се вози на патеката „Јас Марина“ за Големата награда на Абу Даби
 
Инаку 35-годишниот Хамилтон неодамна ја обезбеди седмата титула и го изедначи рекордот на Михаел Шумахер, а воедно стана и рекордер по бројот на победи (95) и остварени пол-позиции (98).