Тенис
24. May 2016 - 17:10

Шампионката на Австралија Опен го заврши настапот на Ролан Гарос

За разлика од мажите кај жените се случи и големо изненадување. Настапот во првото коло го заврши шампионакта од Австралија Опен Анжелик Кербер, која загуби од Кики Бертенс со 2:1 во сетови (6:2; 3:6 и 6:3). Турнирот заврши и за трикратната полуфиналистка на Ролан Гарос Јелена Јанковиќ, која загуби со 2:1 во сетови од Татјана Марија.  

Пласман од фаворитките обезбедија Ана Ивановиќ и Венус Вилијамс.