Македонија
15. јуни 2022 - 9:45

Шаленберг утре во Охрид

Министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг денеска во Белград изјави дека е важно Западен Балкан да стане дел од ЕУ, за да се спречи дестабилизација на регионот.

На заедничката конференција по разговорот со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, Шаленберг рече дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е суштинска и геостратешка за ЕУ.

Шаленберг додаде дека предлогот на Австрија е ЕУ да започне „чекор по чекор“ да ги третира земјите од Западен Балкан како земји-членки. Тој рече дека предлогот нема врска со рускиот напад врз Украина, туку со потребата влезот во ЕУ веќе да даде конкретни резултати.

Шефот на австриската дипломатија оцени дека процесот за влез во ЕУ е „премногу бирократски“, пишуваат српските медиуми.

Шаленберг изјавил дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е важна и верува дека ЕУ останала клучна рамка и двигател на овој план.

„Дијалогот е, на некој начин, иглени уши низ кои се набљудува регионот“, рекол Шаленберг.

Oценил дека војната во Украина е големо вознемирување и дека нема брзо да помине.