Шаќири: Не сум задоволен од ПИСА резултатите, затоа е потребна новата реформа
Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА за 2022 година се поради старата реформа која треба да се промени, смета министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Шаќири во вечерашното гостување на Сител телевизија рече дека не е задоволен од резултатите и дека за нивно подобрување потребни се новата реформа како и мотивиран наставен кадар.
-Новата реформа која започнува е заради тие резултати. Како министер не го давам оправдувањето што го даваат различни европски земји дека сме во постковид период, дека децата се неподготвени поради онлајн наставата, според мене старата реформа која ја имавме требаше конечно да се промени затоа што еве какви резултаи имавме и во 2018 и 2022 година, посочи министерот.
Истакна дека наставниот кадар е клучен во креирањето на подобри резултати.
-Наставниот кадар е еден од поважните елементи во креирање на резултатите, затоа во овој период кога имаме повисоки плати на наставниот кадар имаме лаборатории во кабинетите по природни и општествени науки, затоа убеден сум дека во наредниот период со повеќе мотивирани наставници, поголема вклученост и внимателност ќе имаме подобри резултати, подвлече Шаќири.
Во однос на најавената пријава од Комисијата за заштита од дискриминација поради немање книги рече дека се уште не добиле пријава и дека се работи активно на изработување на сите учебници.
-Имаме рекордна бројка од милион и шестотини илјади учебници, оваа година повикот за седмо одделение веќе е започнат во десети месец и трае, програмите се доставени до Министерството, рече Шаќири.
Министерот исто така информира дека ќе го искористи правото секој да учи на мајчиниот јазик во училиштата, истакнувајќи дека во Општина Чашка додека се работи на трајно решение не треба да има прекин во наставата.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место