Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември
Откако пред неколку дена соопшти дека крајот на ноември е рокот до кога Бирото за развој на образованието (БРО) треба да ги подготви наставните програми за седмо одделение согласно новата Концепција, за да нема доцнење со изработката на учебници за седмоодделенците во наредната учебна година, министерот Јетон Шаќири денеска изјави дека ако не се почитува рокот, ќе бара одговорност.
-Оваа учебна година дадов краен рок – крајот на ноември. Ако програмите не стигнат дотогаш, ќе побарам одговорност, изјави Шаќири, додавајќи дека со овој рок ќе има осум месеци период за изработка и печатење, за корекција и ревизија на сите учебници.
Во врска со испораката на учебниците за шесто одделение, која доцнеше поради тоа што доцна биле готови наставните програми (март оваа година), Шаќири изјави дека таа деновиве е завршена во поголемиот дел од основните училишта во Скопје и во другите градови.
-Ако во одредено училиште нема сѐ уште, ќе побарам од моите служби и од Педагошката служба денеска да анализираат каде нема, иако не зборуваме за поголем дел училишта. Сите учебници одобрени од Националната комисија за учебници се испечатени и се во достава, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Саемот на студии во Франција.
Очекува дека процесите што зависат од БРО ќе бидат навремени затоа што Бирото има и нов директор.
-Во Бирото имаме нов директор, не е тој што беше претходната учебна година. За разлика од лани, оваа учебна година немаше доцнење на свидетелствата, а и наставните програми за трето беа доставени навреме и учебниците не доцнеа, додаде министерот за образование и наука.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт