Шаќири: Договорот за повисоки плати треба да биде поздравен и од опозицијата
Договорот за повисоки плати за вработените во образованието, треба да биде поздравен од сите, вклучително и од опозицијата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вечерашното гостување на телевизија „Сител“, по потпишувањето на договорот меѓу СОНК и МОН, според кој, зголемувањето на платите за 15 проценти ќе почне од септемвриската исплата.
Тој посочи дека со почетокот на новата учебна година, септември или октомври ќе има потпишување на гранковите колективни договори помеѓу синдикатот и МОН.
– Се согласивме дека ќе има зголемување на плата за 15 проценти почнувајќи со исплата на платата во септември. Исто така се согласивме, претставници на СОНК да бидат вклучени во процесот на подготовка на буџетот за наредна година. Но, ние како Влада подготвуваме нова методологија за пресметка на плати на јавниот сектор. Значи, се работи за методологија која ќе има предвид многу економски индикатори. Кога таа ќе биде готова, јас како министер заедно со претставниците од СОНК ќе ја разгледаме и ќе ги имаме предвид фискалните импликации или податоците во бројки за конкретниот случај за платите во секторот основно и средно образование, нагласи Шаќири.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот