Шакира и Жерар Пике уценети со објавување на нивно секс видео
Во јавноста се проширија гласини дека наскоро би можело да биде објавено експлицитно домашно видео на славната двојка Шакира и Жерар Пике, пренесуваат шпанските медиуми.
Имено, како што пишува „Диарио Васко“, снимката наводно ја поседува некој поранешен соработник на двојката, кој од нив бара голема сума пари за да не го објави видеото.
Шакира и Жерар се уште не реагираа на гласините, а медиумите тврдат дека е во прашање снимка на која тие имаат секс.
За уцена од ваков вид шпанскиот закон предвидува затворска казна во траење до дури пет години, а во Шпанија дистрибуирање на приватна снимка на штета на друг е исто така казниво со закон.
Голема е веројатноста неименуваниот соработник снимката да ја понуди на странски медиуми, кои за такво нешто најверојатно би платиле огромна сума пари.
Шакира и Жерар се во брак од 2010 година и имаат две деца, Милан и Саша.
Ново на Сител
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда