Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата
Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот во градинките е стабилна. Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Тврдењето дека состојбата е стабилна, како што рече, го темели на основа на сите досегашни податоци од отворањето на градинките.
-Пред фактите и бројките и боговите молчат. Во петокот имавме 34 нови позитивни вработени. Ако ви кажам дека бројката во претходните недели се движеше 58, 56 што значи скоро е преполовен бројот на позитивни и само осум нови позитивни деца. Стабилна е состојбата. Ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинките досега не постоело и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по увидот на изградбата на детска градинка во Драчево.
Таа додаде дека во прилог на тврдењето е и информацијата од општината Кисела Вода, каде во градинките во моментов нема ниту еден позитивен воспитувач, ниту едно позитивно дете.
-Ова говори дека со почитување на протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести состојбата во градинките може да се одржува стабилна, нагласи министерката за труд и социјална политика.
Според неа, во моментов има 7500 слободни места за згрижување на децата, бидејќи од 21350 слободни места за сместување на деца по протокол, згрижени се 13400 дечиња.
Ново на Сител
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка